Аргентинскиот репрезентативец и дефанзивец на шпанска Севиља, вчера на големото градско дерби против Бетис доби фрактура на коска во десната рака. како што потврдија од клубот денеска, инцидентот кој се случи пред крајот на натпреварот кој го доби Бетис со 1:0, Меркадо падна по судирот со противнички играч и веднаш почувствувал силна болка во раката.
Играчот беше изнесен од теренот на носила, по што клупскиот лекар најави дека станува збор за потешка повреда. Утрово 31-годишниот Меркадо заминал на операција, по што ќе бидат познати и условите и времето потребно за негово комплетно закрепнување и враќање на терените.
Меркадо е дел од Севиља од 2016 година, а летово играше и за аргентина на СП во Русија.