Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс го прокоментира поразот на неговиот тим во реваншот од 1/16-финалето на Лигата на Европа со Барселона.
„Штета, бидејќи вечерва беше убава вечер, стадионот беше полн, имаше идеална атмосфера. Барселона одигра одличен натпревар, не бевме на нашето ниво, но не смееме да ги загубиме главите. Знам колку се силни нашите играчи и знам што можеме да постигнеме. Денес е тежок ден, но мора да спиеме добро, бидејќи во недела имаме уште еден важен натпревар – со Лацио во италијанското првенство“, изјави Мертенс за официјалната веб-страница на УЕФА.