Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во Интер, пренесуваат белгиските медиуми.
За 32-годишниот Белгиец е лично заинтересиран Антонио Конте, кој сакаше да го привлече ушет пи неговото доаѓање од Челзи, со цел да го има заедно со сонародникот Ромелу Лукаку.
Договорот на 32-годишниот напаѓач истекува следното лето, а Наполи изгледа подготвено да не го обнови заради чистката што ја планираат во клубот.
Покрај тоа, според медиумите, Мертенс не сака да ја напушти Италија. Конте вели дека Мертенс е наследник на Лаутаро Мартинез, кој е баран од Барселона.