Напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс призна дека се обидува да го убеди неговиот соиграч Хозе Каљехон да остане на „Сан Паоло“.
Мертенс требаше летово да го напушти Наполи, но потпиша нов договор, обврзувајќи се за верност на тимот за следните 2 години. Сега тој се надева дека ќе го стори истото за Каљехон, чија иднина е сè уште нејасна.
„Се обидувам да го убедам да остане. Јас нема да се откажам. Губењето пријател како него би било многу фрустрирачко, но тешко е да се остави соиграч и неверојатен професионалец како Хозе. Не знам што ќе се случи, но сепак има време“, призна Мертенс.
Белгиецот зборуваше и за евентуалното ново засилување на Наполи Виктор Осимен, за кого се очекува да пристигне од Лил, Франција. „Слушам добри работи за него од моите пријатели во Шарлерои, каде играше пред да замине во Франција. Не знам дали ќе дојде овде, но тој е сигурно тип на играч што ни треба во Наполи”, заврши Мертенс.