Дрис Мертенс и Лукас Тореира деновиве треба да стават потпис на договорот со турскиот фудбалски гигант, Галатасарај. Двајцата вчера пристигнаа во Истанбул и беа пречекани од поголема група на навивачи.
– Многу сум задоволен од пречекот, изјави Тореира. – Беше прекрасно чувството да се сретнам со поддржувачите и да ја видам нивната возбуда“ – потенцираше и Мертенс кој дојде како слободен играч и ќе потпише договор на 1+1 година.
Уругваецот беше купен од Арсенал за 6-7 милиони евра плус бонуси. Тореира ќе потпише договор за три сезони.