Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го засили напаѓачкиот ред со напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс, кој има одлична сезона зад себе. Според информација на англискиот печат, 30-годишниот Белгиец му паднал во очи на Мурињо кој ќе се обиде да го донесе во тимот ова лето.
Според изданието, неговата клаузула за откуп е скромни за тим како Јунајтед, 25 милиони фунти. Оваа шанса Јунајтед сигурно нема да ја пропушти и во скоро време ќе испрати понида за фудбалерот.
Мурињо дури веќе ги известил своите претпоставени да направат контакт со претставниците на Белгиецот и се зборува дека преговорите се веќе во тек.