Фудбалскиот менаџер на шкотски Глазгов Ренџерс, Греам Мерти, поднесе оставка. 43-годишниот стратег го напушти клубот на три кола пред крајот на сезоната и само два дена по поразот со 5:0 од вечниот ривал Селтик.
Асистентите Џими Никол и Џонатан Јохансон ќе го подготват тимот за преостанатите натпревари од Премиер лигата против Килмарнок, Абердин и Хиберниан, а Ренџерс, ќе се обиде да ја задржи позицијата во Топ 3, за да обезбеди виза за Лигата на Европа.
Раководството на клубот е во напредни преговори со поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, кој се очекува да преземе тимот од летото.