Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси беше нападнат во текот на забавата на Ибица, но, за среќа обезбедувањето реагираше и спречи поголеми инциденти.
Еден од најдобрите играчи на светот прво влезе во вербален конфликт со еден неидентификуван маж кој потоа одлучи и физички да го нападне. Аргентинецот во таква тензична ситуација брзо си заминал.
Според информациите, на забавата присуствувале уште неколку познати фудбалски имиња, како Луис Суарез, Жорди Алба, Цеск Фабрегас итн.