Лео Меси е на прагот на историско достигнување. Аргентинската ѕвезда денеска против Австралија ќе го одигра својот 1000-ти меч во кариерата. Двете селекции се соочуваат во 1/8-финалниот натпревар од светското фудбалско првенство.
Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ има 999 натпревари досега. Од нив 778 ги играл а екипата на Барселона, а за националниот тим забележа 168 натпревари.
Меси веќе денеска има шанса да стане Аргентинецот со најмногу голови на светските првенства. Тој има постигнато 8 гола за тимот на „Гаучосите“ на светските првенства. Ако постигне два гола може да го стигле досега неприкосновениот Габриел Батистута кој има 10 гола.