Фудбалерот на ПСЖ, Лео Меси, денеска може за првпат да заигра за францускиот клуб со бројот 10. Доколку Аргентинецот го започне мечот, веројатно ќе го има бројот што го користеше во поголемиот дел од кариерата во Барселона бидејќи Нејмар е повреден.
Промена на броевите во Купот на Франција е дозволена. „Светците“ вечер од 21.15 ќе и бидат домаќини на Ница во рамките на 1/8 финалето на Купот на Франција.