Аргентинската ѕвезда во редовите на Барселона, Лео Меси, по рекорден петти пат ја доби наградата – „Златна копачка“, која му се доделува на најдобриот голгетер во една натпреварувачка сезона во Европа.
Тој со новото признание успеа да го помине играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој има четири такви награди. Напаѓачот на шпанскиот состав кој во Примера Дивизион постигна 34 голови, во трката за вредниот трофеј беше подобар од играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој застана на 32 гола.
Tрет во рангирањето заврши првиот стрелец на Тотехем, Хари Кејн, кој во претходната сезона забележа 30-ет погодоци во најсилната конкуренција на Англија.

