Фудбалерот на Барселона, Лео Меси, изјави дека му е жал што нема да го испратат Андрес Иниеста со тројна круна како што тоа се случи своевремено со Чави кога реши да си замине од Шпанија.
Аргентинецот постигна хет-трик на вчерашниот меч со Депортиво ла Коруња а неговиот тим со победата од 4-2 ја потврди тутулата на три кола пред крајот на сезоната. Претходно Меси и колегите се израдуваа и на победничкиот пехар во Кралскиот Куп.
„Тој заслужува да си замине од клубот со двојна круна во Шпанија. Жалам што не го испративме како Чави, со освоена тројна круна. Штета што си заминува но, едноставно дојде неговиот ред како што претходно тоа го направија Чави и Маскерано. Му посакуваме се најдобро“ – истакна Меси.