Од Барселона излегоа со информација за повредата на првата ѕвезда на тимот Лионел Меси. Меси заработи нова повреда за време на средбата со Виљареал (2:1). Оваа информација ја потврди прес-службата на Барселона.
Аргентинецот се пожалил на повреда на левата нога (бутниот мускул) и сега повторно ќе мора да се опоравува. На 23 септември, Лионел Меси ја доби наградата за најдобар фудбалер на ФИФА, а следниот ден ги одигра првите 45 минути во натпревар со Виљареал.
Ова беше негов прв старт по повреда пред стартот на сезоната. И покрај фактот дека Меси беше на терен само во првото полувреме, тој успеа да учествува во првата акција која донесе и гол на Антоан Гризман.