Лионел Меси е меѓу главните фаворити за освојување на – „Златната топка“ откако на крајот на минатата година ја предводеше Аргентина до светската титула.
Кристијано Роналдо не се најде на листата за прв пат по 2005 година. Португалската ѕвезда вториот дел од минатата сезона го одигра во Ал-Наср во Саудиска Арабија.
Карим Бензема, Мохамед Салах, Кевин Де Бруин и Ерлинг Халанд се меѓу номинираните за Златната топка.

