Голгетерот и прва ѕвезда на Барселона Лионел Меси не е далеку од врвното достигнување на легендарниот Пеле, кое остана недопрено речиси половина век. Аргентинскиот фудбалер е на само 50 погодоци од рекордот на „Кралот на фудбалот“ за најмногу голови постигнати за еден клуб.
Бразилецот Пеле постигна за Сантош 643 погодоци. Од 2004 година до денес, Лео Меси постигна 593 погодоци. Во ноември минатата година Лонел Меси го надмина вториот по овој показател Герд Милер, кој со 565 за Баерн Минхен се наоѓаше на втората позиција, а сега е трет.
Според тоа што Меси постигнува најмалку по 40 гола во сезона, може да се очекува дека во 2020 година ќе го достигне постигнувањето на Пеле од 643 постигнати гола за една екипа во која настапувал.

