Големата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, по вчерашниот пораз на домашен терен од Осасуна, изјави, дека е крајно разочаран од играта на неговиот состав и дека работите мора да се менуваат од корен.
„Цела сезона играме слабо и без интензитет. Загубивме многу бодови а дуелот со Осасуна е само резиме на целата сезона. Мораме да бидеме самокритични. Да, Реал Мадрид заслужува честитки за начинот на кој одигра по ре-стартот на сезоната, но, ние им помогнавме“ – вели Меси.
„Кажав дека нашата игра не е доволно добра за Лигата на шампиони, сега испадна дека не е доволно добра ни за Ла Лига. Доколку сакаме да триумфираме во Лигата на шампионите, треба да промениме многу работи“ – потенцираше Аргентинецот.