Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 во изборот на британскиот медиумски гигант Би-Би-Си.
Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на Би-Би-Си за оваа година. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината.
Меси го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Во 2021 година, Би-Би-Си ја прогласи Ирката Рејчел Блекмор за најдобра, откако стана првата жена џокеј што освоила Гранд Национал во 182-годишната историја на трките.