Фудбалерот, Лео Меси, кој со неговата Аргентина се подготвува за претстојното издание – Копа Америка, вели дека ќе биде тешко да се одбрани титулата.
„Гаучосите“ во текот на ноќта славеа на пријателски натпревар против Гватемала со 4:1 а Меси беше стрелец на два гола. Другите два го постигна Лаутаро Мартинез.
„Сакаме да го даваме максимумот. Сигурно ќе биде тешко да ги оствариме нашите цели – потенцираше Меси. Неговата земја во групната фаза ќе игра со Канада, Чиле и Перу.