Аргетинската ѕвезда, Лео Меси, не им честиташе на играчите на Рома по сензационалната елиминација во Лигата на шампионите.
Тој откако заврши мечот експресно побегна во соблекувалната што не е вообичаено за големите ѕвезди. Меси очигледно крајно фрустриран по неочекуваниот убедлив пораз од 3-0, немаше желба да му честита на противникот а тоа добро го уловија телевизиските камери.
Барселона иако ја имаше улогата на голем фаворит по победата на домашен терен од 4 спрема 1, сепак не успеа да влезе во 1 / 2 финалето во Лигата на шампионите.