Една од се уште главните ѕвезди на фудбалот денеска, напаѓачот на Пари Сен Жермен Лионел Меси раскажа како се чувствувале и тој и неговите соиграчи по годинешната елиминација од Реал (М) во Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид не уби. Мене, целата соблекувална воопшто, цел Париз, затоа што имавме варварска илузија за ова натпреварување. Резултатот од овој натпревар беше удар. Знам што е Реал Мадрид, го живеам долги години, цел живот во близина на овој клуб. И знаев дека тоа може да се случи бидејќи тие даваат гол од никаде и автоматски ја менуваат играта. Ова не е првпат да се случи. Сакам повторно да го освојам овој турнир. Знам дека најдобриот тим не секогаш ја освојува Лигата на шампионите, дека Лигата на шампионите е за ситуации, тоа се специфични моменти, психолошки моменти, а и најмала грешка ќе те остави на страна. Кој е најподготвен за овие ситуации завршува со победа или оди во финале“, изјавил Меси.

