Лука Модриќ синоќа во Лондон го прими најголемото признание во кариерата, наградата за најдобар фудбалер на светот, во конкуренцијата на Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.
Изборот во кој своите гласови ги даваа селекторите и капитетните на националните селекци од светот, новинарите и навивачите заврши со победа на Хрватот, кој според информациите добил 29,05% од сите гласови.
Второто место му припадна на Роналдо кој добил 19,08% од гласовите. Интересно е што во гласањето, капитенот на Аргентина, Лионел Меси најмногу поени му даде токму на Лука Модриќ, додека пак Кристијано Роналдо својот глас му го даде на Французинот, Рафаел Варан.