„Гаучосите“ на чело со Лионел Скалони утрово околу 7:30 часот по средноевропско време слетаа во Буенос Аирес каде ги пречекаа илјадници навивачи по улиците на градот.
Нешто по 8 часот фудбалерите излегоа од авион со громогласен аплауз на новинарите и веднаш се качија во отворениот автобус. Капитенот Лионел Меси прв стапнал на аргентинско тло во друштво на селекторот Лионел Скалони. Автобусот со играчите се упати кон базата на Аргентинската фудбалска федерација, каде новите светски шампиони ќе одморат неколку часа пред вистинската прослава во Буенос Аирес. Илјадници навивачи ги закрчија улиците, а автобусот се движеше многу бавно низ толпата.
Денеска, во Аргентина е прогласен национален празник.