Аргентинската ѕвезда, Лионел Меси, го пофали талентираниот Хулијан Алварез, кој во дебитантскиот настап на Мундијалите постигна 4 голови за „гаучосите“.
„Никој не замислуваше дека Алварез ќе игра таква улога и ќе стане толку значаен за тимот. Неговата помош е непроценлива. Тој одигра неверојатно во текот на целиот шампионат. Алварез е откритие“ – прокоментира Меси.
Алварез веројатно ќе добие шанса и на мечот со Франција во финалето на Мундијалот во Катар.