Аргентинскиот напаѓач на Пари Сен Жермен, Лионел Меси (35), постави необичен рекорд за голови постигнати надвор од шеснаесетникот со голот на натпреварот од групната фаза на УЕФА во Лигата на шампионите, против Макаби Хаифа (7:2).
Како што забележа „Опта Џо“ на Твитер, за Меси овој гол надвор од шеснаесетникот беше 23-ти во кариерата во ЛШ.
Од дебито на Лионел Меси во Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005, никој друг нема постигнато толку многу голови надвор од шеснаесетникот. Еден гол помалку има Кристијано Роналдо (22).
Вкупно, Меси оваа сезона забележа 16 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и 12 асистенции. Неговиот договор со парискиот клуб е до 30 јуни 2023 година, а трансферната сума се проценува на 50 милиони евра.