Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси освои нова престижна награда. Аргентинецот ја доби наградата „Лауреус“, позната и како Спортски Оскар.
Меси ги остави зад себе тенисерот Рафаел Надал, голф играчот Тајгер Вудс, маратонскиот тркач Елиуд Кипчоге и мотоциклистот Марк Маркез. Тој ја подели оваа награда со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, што се случува за прв пат од доделувањето на наградата. Меси исто така стана првиот член на екипен спорт што ја доби наградата.
Напаѓачот не успеа да присуствува на доделувањето на наградата, но испрати специјално видео обраќање до своите фанови.

