Лионел Меси е подготвен да потпише нов договор со Пари Сен Жермен, но вистинските преговори меѓу двете страни ќе започнат по денешниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, тврди францускиот „Л‘Екип“.
Се очекува таткото на аргентинската ѕвезда – Хорхе да пристигне во Париз и да разговара со раководството на клубот за времетраењето на договорот и финансиските параметри.
Вчера се појавија информации дека Меси се уште размислува дали да го продолжи престојот на „Паркот на принцовите“ и дека сака да го чека исходот од двата натпревари со Баерн пред да донесе конечна одлука.
На почетокот на февруари спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос потврди дека преговорите за новиот договор на Меси веќе се во тек.