Двајца од најважните фудбалери на Барселона – Лионел Меси и Луис Суарез, речиси сигурно ќе бидат подготвени за саботното дерби со Еспањол, пренесоа шпанските медиуми.
Капитенот на Барселона ја пропушти втората контролна средба на Аргентина – против Мароко, поради проблеми со мускулите. Но последните информации велат дека тој е добар и ќе биде целосно подготвен за настап во сабота.
Деветката на Барса Луис Суарез го пропушти натпреварот на Уругвај поради повреда на зглобот од натпреварот против Бетис пред десет дена. Денес Луис Суарез се приклучи на дел од тимот и дал сигнал дека наскоро ќе му биде достапен на тренерот Ернесто Валверде.
По натпреварите во „Ла Лига“, овој викенд, исто така, овие играчи ќе и бидат важни на Барселона за настап дербито со Виљареал на гостински терен, а кој меч се игра во вторник.