Фудбалерот, Лионел Меси, иако не се појави на задолжителното тестирање за Ковид-19 и не беше присутен на тренинзите на Барселона, нема да биде казнет од страна на челниците на каталонскиот гигант.
Аргентинецот кој јавно побара да си замине од „Камп Ноу“ останува доследен на барањето и втор ден ги бојкотира активностите. Според клупските правила, доколку фудбалерот три пати неоправдано не се појави на тренинг ќе биде казнет со 25% од платата.
Шпанските медиуми тврдат дека Баселона нема да повлече таков потег.