Фудбалерите на Барселона вчера славеа на теренот на Леванте со убедливи 5 спрема 0 во Примера дивизион а Лео Меси се израдува на 323-та победа во дресот на Каталонците со што го помина легендарниот Чави.
Аргентинецот кој направи хет-трик и имаше две асистенции, стана првиот фудбалер со дабл-дабл ефект во сезонава во најсилните пет лиги. Меси има 14 голови и 10 асистенции.
Ѕвездата на Барса досега има постигнато 50 голови во годинава која изминува што претставува и своевиден рекорд. Имено, во последниве девет години, тој успеа да дојде до просек од 50-ет погодоци.

