Трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона е речиси завршена работа објавуваат повеќе медиуми во Италија и Шпанија. Аргентинскиот фудбалски напаѓач на Интер, наводно, му потенцирал на раководството дека сака да го напушти Милано и да се упати кон Пиринеите.
Се претпоставува дека Барса ќе ја плати високата откупна клаузула и дека ќе го ангажира Лаутаро на „Камп Ноу“. Токму на таа тема проговори и првата ѕвезда на каталонците, Лео Меси, кој не крие дека го респектира неговиот сонародник.
„Лаутаро е комплетен голгетер. Тој е силен, дрибла, дава голови, ќе видиме што ќе се случи со него“ – потенцирал Меси за можниот трансфер на Лаутаро во Барса.