Лионел Меси кој со Аргентина го освои Купот на Америка, им се заблагодари за поддршката на фановите. Тој на пет мечеви имаше 1 гол и 1 асистенција. Во финалето поради повреда мораше пред време да го напушти теренот.
„Добро сум, фала му на Бога, се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот и ќе уживам во она што најмногу го сакам“ – вели Меси.
„Многу сум среќен бидејќи ја постигнавме нашата цел. Тимот има голема иднина. Напред Аргентина! – објави Меси на социјалните мрежи.

