Капитенот на Барселона Лионел Меси на натпреварот од 17-то коло во шпанскиот шампионат против Хуеска (1:0) беше асистент на голот на Френки де Јонг.
Така, Меси во кариерата достигна до бројот од 300 асистенции. Тој забележа 260 асистенции на 750 настапи за Барселона и уште 40 на 142 настапи за Аргентина. Во исто време, натпреварот против Хуеска беше 500-ти меч Меси во Ла Лига. Аргентинецот игра 17-та сезона за Барселона во шпанското првенство, 33-годишниот Аргентинец има постигнато 451 гол и 185 асистенции, додека Барселона има 368 победи. Меси е 10 кратен шампион на Шпанија.
3️⃣0️⃣0️⃣ career assists for Leo #Messi! (260 Barça & 40 Argentina) 🤯 pic.twitter.com/SmR0sfLbel
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 4, 2021
Претходно Меси направи едно значително статистичко достигнување на мечот од 15. коло на шпанскиот шампионат со Ваљадолид (3:0). На тој натпревар со голот кој го постигна, го надмина рекордот на легендарниот Бразилец Пеле по бројот на голови за еден клуб. Сега 33-годишниот Аргентинец има постигнато 644 голови, додека Пеле имаше 643.

