Ѕведата на Барселона Лео Меси ја започна сезоната во Лигата на шампионите на одличен начин, постигна три гола на мечот со ПСВ при успехот од 4:0 во првото коло од ЛШ.
На овој начин Аргентинецот го постигна 8-от хет-трик во ова натпеварување и така сега е подобар од Кристијано Роналдо според овој показател, откако Португалецот 7 пати реализирал по 3 гола во еден натпревар.
На оваа листа зад нив следуваат Пипо Инзаги и Марио Гомез, кои имаат по 3 хет-трика во најсилното европсо натпреварување во кое овој тренд за супер ѕвездите на Барселона и сега на Јувентус ќе продолжи.
Во текот на оваа сезона, Меси веќе постигна 7 гола во 6 натпревари во сите натпреварувања. Во Лигата на шампионите досега постигнал 103 гола во 126 натпревари, а во неговата кариера сега има постигнато 559 гола во 643 натпревари