Француски „Л’Екип“ објави дека Лео Меси, веројатно ќе се врати на клупските обврски во ПСЖ на 11 јануари.
Аргентинскиот фудбалер максимално ќе ги искористи деновите за одмор и ќе ја прослави титулата освоена на Мундијалот во Катар. Тој сигурно нема да игра против Стразбур во Лига 1 потоа против Ленс на 1 јануари и во Купот на Франција против Шатору на 6 јануари.
Меси според најавите првиот меч во новата година ќе го одигра на 11 јанаури и тоа против Анжи.