Оправдан е стравот на навивачите на Барселона дека Лионел Меси ќе се врати во Аргентина без потпишан договор.
Медиумите во Барселона откриваат дека утре мегаsвездата ќе слета во својата татковина за да се приклучи на националниот тим. „Гаучосите“ се соочуваат со два светски квалификациски натпревари на почетокот на јуни – против Чиле (4 јуни) и Колумбија (9 јуни), по што следи Копа Америка. Ова натпреварување се одржува меѓу 13 јуни и 10 јули.
Сето ова значи дека договорот на Меси со Каталонците, кој е до 30 јуни, најверојатно ќе истече додека тој е во Јужна Америка. Секако, постои опција тој да се обнови од далечина, но засега нема индиции дека новото раководство доставило конкретна понуда. Исто така, нема информации дека друг клуб му понудил посебни услови.
Од „Камп Ноу“ ја одложуваа понудата бидејќи чекаат да помине финансиската ревизија на клубот, по што претседателот Жоан Лапорта ќе разгледа каква плата може да понуди на својата најголема ѕвезда.

