Капитенот на Барселона, Лионел Меси може да го напушти тимот, пренесуваат медиумите во Шпанија. Ова би се случило доколку Каталонците не го вратат Нејмар од ПСЖ.
Аргентинецот не е задоволен од моменталната состојба во тимот и може да ја искористи посебната клаузула од договорот. Тоа му овозможува да замине на крајот на сезоната. Раководството сака да го продолжи договорот со Меси, но прво мора да работи на враќањето на бразилскиот напаѓач.
Аргентинската sвезда во редовите на Каталонците е во остар судир со спортскиот директор на клубот Ерик Абидал. Незадоволството на Аргентинецот беше поврзано со зборовите на Абидал дека не сите фудбалери го поддржувале поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде и не дадоа се од себе на натпреварите кои ги играле.