Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, најверојатно ќе биде подготвен за средбата со германскиот елитен тим Борусија Дортмунд на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.
Медиумите во Шпанија денеска, тврдат, дека Аргентинецот кој поради повреда не играше воопшто во сезонава, сега ќе биде подготвен за дуелот со „милионерите“. Според проценките, Меси најверојатно ќе влезе во вториот дел доколку има потреба.
Барселона во Лигата на шампионите се наоѓа во група со Борусија Дортмунд, италијанскиот Интер и чешкиот состав, Славија Прага.