Со победата над Севиља во шпанскиот Супер Куп, Лионел Меси стана играч со најмногу трофеи во историјата на Барселона. Суперѕвездата го освои својот 33-ти трофеј и тоа го направи како капитен на тимот, откако и официјално ја доби капитенската лента пред неколку дена.
Тој го мина Андрес Иниеста, кој остана со 32 трофеи, додека по нив се Жерард Пике и Серхио Бускетс, кои имаат по 28. Меѓу најзначајните признанија на Меси се 4 трофеи од Лигата на шампионите и 9 златни медали од првенството на Шпанија. Тој, исто така, го подигнал кралскиот куп 6 пати, 8 трофеи од Супер Купот на Шпанија, како и три трофеи од европскиот Супер Куп и светското клупско првенство.