Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Лео Меси, откри за кого може да гласа откако „Франс Фудбал“ ја објави конечната листа од 30-ет кандидати за годинешнава награда.
„На листата имам двајца соиграчи за кои можам да гласам, Нејмар и Килијан. Тука се Левандовски и Бензема кои имаа фантастична сезона. Тешко е да се прогнозира бидејќи тимскиот успех е многу значаен за освојувањето на -„Златната топка““ – изјави големата ѕвезда на францускиот, ПСЖ.
Свечената церемонија на која ќе биде прогласен добитникот ќе се реализира на 29 ноември.