Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лео Меси, се осврна на поразот од Колумбија на стартот на Копа Америка. Колумбијците во текот на ноќта успеаа да славата со 2 спрема 0 и победнички да го започнат големиот фудбалски собир.
„Има што да научиме од поразот и да продолжиме со предизвикот. Мораме да веруваме дека имаме квалитет за успех“ – вели Меси.
„Противникот добро ја конторлираше топката иако не направи премногу шанси. Ние мораме да ги подигнеме главите и да продолжиме понатаму“ – потенцираше Меси. Аргентина во групната фаза на 20 јуни ја очекува меч со Парагвај а на 24 јуни ќе игра против Катар.