Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси не се најде во составот за утрешниот натпревар против Интер. Каталонскиот тим го обезбеди првото место во групата и тренерот Ернесто Валверде реши да одмори неколку клучни играчи.
Освен Меси, Жерар Пике и Серхио Роберто н отпатуваа за Милано. 17-годишниот талент Ансу Фати е повторно во списокот за дуелот против Интер. Вклучени се уште неколку млади играчи како Рики Пуиг, Араујо и Морер.
По дуелот на „Џузепе Меаца“, Барселона ја очекуваат два тешки натпревари – со Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

