Лионел Меси има 23 гола во „Ла Лига“ оваа сезона и ќе се обиде да постигне уште некој плус утре на мечот со Реал Мадрид, кога Барселона гостуваа кја големиот ривал во големото дерби на шпанскиот фудбал.
Аргентинецот не успеа да постигне гол против Реал на почетокот на сезоната, кога двата тима се сретнаа во натпревар од Ла Лига на „Камп Ноу“, а Реал Мадрид славеше со 3:1. Интересно е тоа што Меси веќе три години не успеал да го погоди голот на Реал Мадрид. Последен пат тој постигна гол на против Реал Мадрид пролетта 2018 година кога мечот заврши нерешено 2:2 на „Камп Ноу“ во натпревар од 36.коло во Ла Лига.
Меси има вкупно 26 голови во кариерата против Реал Мадрид на 44 натпревари, но 21 од овие голови беа постигнати на првите 27 натпревари од Ла Лига против Реал Мадрид. На следните 17 натпревари Меси постигна вкупно 5 голови, а Аргентинецот нема гол против големиот ривал по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус летото 2018 година,објави весникот „Марка“. Очигледно му недостасува инспирацијата наречена Роналдо.

