Кристијано Роналдо откако направи трансфер во Јувентус, имаше интересна изјава поврзана со ѕвездата на Барселона, Лео Меси. Португалецот кој со аргентинскиот ас имаше жестоки дуели во Примера додека играше за Реал Мадрид, изјави дека му недостасува ривалството со Меси и дека би сакал еден ден да го види фудбалерот на Барселона во Серија А.
Меси подолг период не сакаше да ја коментира изјавата на Роналдо, но, откако во последното интервју за „Марка“, доби конретно прашање, се определи и да го одговори.
„Да го прифатам предизвикот на Роналдо и да се приклучам на италијанскиот фудбал? Не ми треба никаков предизвик. Јас сум во најдобриот тим во светот. Не мора да го променам тимот или лигата за да си поставам нови цели“ – рече Меси.