Лео Меси синоќа по седмипат во кариерата ја освои наградата на „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во годината. „Златната топка“ повторно заврши во рацете на Аргентинецот, кој не го криеше задоволството од признанието.
„Иако секогаш давав приоритет на тимските достигнувања, не можам да ја сокријам радоста што добив уште една ’Златна топка’. Сакам да ви се заблагодарам и да им оддадам почит на сите мои соиграчи во Аргентина за прекрасната година што ја поминавме. Им благодарам и на моите поранешни партнери од Барселона и сегашните партнери на ПСЖ. И, секако, голема благодарност до моето семејство и пријателите, како и до сите луѓе кои ме поддржуваат, кои се покрај мене, кои се грижат за мене и ме тераат да се подобрувам секој ден: без сите нив, ова не би биде можно“, напиша Меси на Инстаграм.