Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна гол на вчерашниот натпревар од 18-то коло на Шпанскиот шампионат со Алавес на стадионот „Камп Ноу“, во кој Барселона изабележа победа од 4:1.
32-годишниот Аргентинец според постигнатите голови оваа година веќе ја достигна бројката од 50 гола. Лео Меси шести пат по ред и по деветти пат во последните 10 години го има ова достигнување. Претходно, напаѓачот постигна најмалку 50 гола во 2010, 2011, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.
Меси ги брани боите на Барселона во текот на неговата кариера од 2003 година. Оваа сезона тој учествуваше на 13 натпревари од шампионатот на Шпанија, во кои постигна 13 гола (2 од пенал) и 6 асистенции.

