Лео Меси по осми пат ја освои наградата –„Златна топка“ што ја доделува „Франс фудбал“ на свечена церемонија во Париз.

Главен противник на Меси му беше Норвежанецот, Ерлинг Халанд, кој ќе мора да се задоволи со признанието за најдобар голгетер.
Аргентинецот кој успеа да се израдува и на пехарот од Светското првенство во Катар, претходно го доби признанието во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.