Првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси со вчерашниот гол на теренот на Славија Прага во 3 коло во Лигата на фудбалските шампиони, направи нов рекорд кога станува збор за елитата на стариот континент.
Аргентинецот стана првиот играч кој во 15 сезони во серија постигнува барем по еден гол на секој натпревар. Неговата гол-серија започна од сезоната 2005/2006 кога погоди против Панатинаикос. Тој до денеска постигнал погодок против 33 различни клуба со што израмни рекордот кој го имаат двете легенди на Реал Мадрид, Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.
Кога станува збор лидерската тројка според ефикасноста во ЛШ, тука Роналдо е прв со 127 голови, Меси има 113 додека Раул е на третото место со 71 погодок.