Борбата за „Златната копачка“ повторно стана жестока. Со синоќешниот хет-трик на Меси против Депортиво Ла Коруња, аргентинската суперѕвезда успеа да ја преземе водечката позиција на голгетерската листа.
Меси веќе има 32 гола во првенството на Шпанија и успеа да го претекне за еден гол голгетерот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој остана без реализиран погодок на саботниот дуел со Стоук.
Салах и натаму е сериозен конкурент за Златната копачка, но Египќанецот има само уште два натпревари до крајот на сезоната, за разлика од Меси кој ќе одигра уште 4 меча.
Третото место на листата моментално го има Чиро Имобиле од Лацио со 29 гола.