ПСЖ нема да може да смета на импресивна група важни играчи на натпреварот од 2.коло на францускиот шампионат против Стразбур.
Лионел Меси, Нејмар, Маркињос, Леандро Паредес, Марко Верати, Џанлуиџи Донарума и Анхел Ди Марија не беа вклучени во групата на играчи за овој натпревар, објавена од прес-службата на клубот на „Твитер“.
Исто така, дефанзивецот Серхио Рамос не беше вклучен во составот. Тој продолжува да се опоравува од повредата и треба да се врати по паузата за меѓународните репрезентативни натпревари. Да потсетиме, Меси на 10 август потпиша двегодишен договор со ПСЖ.
Договорот вклучува опција за продолжување на уште една сезона, но за неговото деби во дресот на ПСЖ ќе почекаме во наредните натпревари.