Лионел Меси официјално беше претставен како играч на ПСЖ. За прв пат зборуваше како играч на францускиот клуб. Аргентинската sвезда ја сподели својата радост од трансферот и пречекот што го имаше во Париз.
„Сите знаат дека ја напуштив Барселона пред неколку дена. Заминувањето од таму беше тешко за мене по толку години поминати во клубот. Тоа беше тешка промена. Од моментот кога пристигнав овде, се чувствувам многу среќно. Едвај чекам да започнам со тренинзи и да ја започнам оваа нова етапа. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, Леонардо и клубот што го овозможија ова. По изјавата на Барселона, тие го кажаа својот став и се случи се многу брзо. Преговорите напредуваа брзо и немаше проблем. Ситуацијата беше комплицирана и тие го решија проблемот“, беа првите зборови на Меси.
На прашањето кога може да дебитира, Лео одговори: „Всушност, не знам. Бев на одмор, немам играно еден месец. Разговарав со тренерскиот тим вчера. Можеби ми треба тренинг пред сезона. Ќе започнам со тренинзи и се надевам дека ќе играм што е можно поскоро, но не можам да кажам конкретен датум. Се што ми се случи минатата недела беше тешко, брзо, емотивно. Не можам да поверувам што искусив и доживеав во Барселона, но едвај чекам и среќен сум со овој нов живот. Целата недела беше подеми и падови, и сеуште размислуваме за тоа што се случи. Беше многу тешко да ја напуштам Барселона без да знам каде одам. Барселона е мојот дом, јас сум таму од дете. Се занеше дека ќе одам во силен тим кој се бори за Лигата на шампионите. Сакам да победувам. Сакам да имам важни цели. Знам кои се моите цели и оние на ПСЖ се исти и сакам тие да бидат поголеми и поголеми. Не знам дали ќе се сретнеме со Барселона. Би било убаво да се вратам. Се надевам дека навивачите ќе бидат таму во поглед на пандемијата. Ќе биде чудно да се игра таму во дрес на друг тим, но може да се случи“, изјави Лео Меси.